Маѓепсана од раскошот и боите на природата, одушевена од духот и приказните на градовите и водена од срцето и внатрешното чувство на радост, дизајнерката на накит Александра Иванова неуморно создава уникатни приказни. Искрената, весела нишка ја почна со ѓерданите и обетките- „Наши луѓе“ и со „Софија филигранска“, продолжи со брошевите-булки, па создаде нов свет со ѓерданите-градови , на кои се надоврза со пеперутка-вратоврски, за сега да засади нова цветна приказна. Со расцутување на пролетта, во нејзиното топло, интимно ателје во својот дом на реката Брегалница во Штип ја распосла дизајнерската фантазија создавајќи обетки-цветови наречени Florela. Тие се најава за една поголема колекција со ѓердани-букети.
-Сè што правам е водено од едно внатрешно чувство на радост кое го следам, и тоа ми е некој критериум дека нешто треба да направам. Ако нешто ме радува ми носи возбуда, веднаш го вадам на виделина Цртањето ми е баш тоа- нешто кое ме радува. На ѓерданите со градови и лептирките цртав со фломастери и други бои, ама многу ме привелкуваше акварелот, па можам да кажам дека тој е двигателот на ова пролетно цветање. Скроз ми е маѓичен тој начин на боење, неговата непредвидливост, разлеаноста на бојата, мешањето и чуството дека самото си се бои. Во боењето има нешто маѓично, нешто чудесно, детско, терапевтско… откривањ, возбуда и ослободување. Свесна сум дека целиот мој занес и задлабоченост и тоа колку повеќе димензии јас ќе досегнам во правењето накит, толку ќе пренесам на другите. Можам слободно да кажам дека дизајнирањето за мене е мултидимензионално патување по себе си или истовремено дизајнирање на себе, откривање на нови простори, што ме доведува до една конечна леснотија, која изгледа на крај станува толку блиска и препознатлива за другиот-вели Иванова.
>>Цветовите често се јавуваат како мотив во твојот накит, особено булките. Како би ја опишала твојата конеција со цветовите?
- Пред некој ден набљудував минијатурни цветови на една ливадичка, каква совршенсот …
Моќта да се приметуваат најмалите детаљи, ситниците, да се примети најмалиот цвет на една ливада меѓу стотици други, да се види значењето на тој цвет, убавината совршенството… Е таа моќ е посебна внесеност , концентрација или како што ја викаат- медитација. Такви цветови цртам јас, видени, доживеани одвнатре, до таму до кај со сум можела да се внесам, а сигурно може до недоглед. Како што пее хаикуто, да станеш ти самиот цветот, да се изедначиш во перцепцијата. Изгледа тоа го пренесувам.
>> Кои се главните карктеристики на Florela , какви материјали , форми и бои користеше ?
- Бидејќи сакам да цртам и бојам, подлогата си ја правиме сами да биде впивлива како хартија и да ја прима бојата цртам на медијапан со сликарска подлога формите ги сечеме на ЦНЦ машина или рачно со рам и пилички во зависност од моменталната приказна (во овој дел од процесот ми помага сопругот Александар,тој има познавање од сликарска технологија и мислам дека знае да медитира додека сече со пиличка:).
>> Обетките го задржуваат твојот артистичкиот стил, со рачно цртани шари. Во која нишка ја продолжуваш приказната од претходните колекции, а што е ново во оваа колекција?
- Нишката која ги поврзува сите работи кои ги правам е таа радост која јас ја доживувам и ептен сакам да ја споделам . Самоук дизајнер сум, се водам од срцето, слушам од внатре и за се наредно дознавам во чекор.
>>На каков тип на девојки и жени ги замислуваш моделите од Florela?
-Верувам дека секој човек е уметник и тоа кое го правам е некаков код на уметникот внатре во мене и во секого. Секој би можел да го препознае својот уметник преку нешто да го разбуди и да го живее. Јас тоа то правам преку накитот, го живеам уметникот, детето, радоста и креативноста. Секој кој ќе се препознае добива двојно-накит и будење .
>> За твоите креации има голем интерес. Дали ќе имаме можност да те видиме на некој настан, базар или изложба во метрополата? Каде може да се купат твоите уникати?
-Бескрајно сум благодарна за можноста да пренесам преку накит да се сретнам со другите во тие симболи. И навистина тоа има такви размери и така се шири што ми прави и мене предизвик како човек да растам и да се ширам за да ги опфатам сите . Има еден многу важен момент за мене во тој контакт со луѓето кога тие ќе си го добијат накитот и се среќни мојата благодарност кон нив мислам е бескрајна тој момент да ЗАБЛАГОДАРАМ ми е врвот на се кое го правам. Не стигнувам да учествувам на базари зашто имам некој свој внатрешен ритам кој го следам, па интернетот е прав благослов во мојот случај.
>> Ѓерданите со градовите станаа едни од најпрепознагливите парчиња накит со потпис на македонски дизајнер. На нив се надоврза и со машка верзија-вратоврските-пеперуги, со што пак подигна еден нов тренд. Имаш ли евиденција каде сè во светот „прошетаа“ ѓерданите и пеперутките-градови?
-Најинтересно е дека накитот кој го правам во ова наше прекрасно станче покрај Брегалница во Штип од каде што јас го гледам цел универзум го прошета светот . Јас физички многу малку имам патувано. Но, моите дизајни патуваат за мене
>> На што си посветена овој период, од каде собираш инпирација и сила за работа, каде е стационирана твојата работилница сега?
- Посветена сум на тоа да вежбам фокус на идеи кои ги има во изобилие оти кога имаш таква ситуација со многу идеи знае да бега фокусот и и да се одрази на реализацијата. И така добро ми оди, си честитам . Oвие вежби ќе допринесат да пренесам уште повеќе животна радост од себе на овој прекрасен свет.
Нема коментари