На полноќ на 13 април Алексанар Ванг постираше едно од највозбудливите видеа на „Инстаграм“ што некогаш сме го виделе – стадионски светла и тајмер кој го предизвикува нашето исчекување и потоа се пајавуваат зборовите Ванг и H&M заедно со бројките 11 и 6. Ова преведено значи дека еден од најактуелниот модни автори на денешницата и новиот дизајнер на „Баленсијага“ е следниот во низата познати дизајнери што ќе направи колекција за шведскиот high-street гигант H&M, а тајмерот открива дека колекцијата ќе биде откриена дури на 6 ноември годинава.
Соопштението прво се појави на „Инстаграм“ профилот на Ванг, а веќе во неделата дизајнерот и официјално ја откри соработката со H&M на мало неформално дружење што се одржа во рамките на познатиот музички фестивал „Кочела“. На средбата се појавија Ванг и Маргарита ван ден Бош, главната дизајнерка на H&M, како и Кејт Босворт, Кети Пери и Ферги.
-Почастен сум да бидам дел од дизајнерите што соработуваат со H&M. Работата со нивниот тим е возбудлив и забавен процес. Отворени се да ги срушат границите и да постават платформа за креативност. Ова ќе биде одличен начин пошироката публика да ги доживее елементите и животниот стил на брендот Александар Ванг - изјави дизајнерот за колекцијата што ќе биде претставена во ноември и ќе се продава во 250 продавници низ светот, а ќе понуди женска, машка и линија на модни додатоци. H&M знае како да го задоволи модниот апетит на широката публика и по колекциите креирани од Изабел Марант, Мартин Марџела и Албер Елбаз, сега ни го нуди Александар Ванг.
Нема коментари