Македонскиот врвен дизајнер, костимограф и професор Александар Ношпал е познат по многубројните улоги кои ги има во неговата долга кариера во регионот и пошироко. Како еден од познатите стилисти и дизајнери кои беа дел Styling Sessions со Marella оваа пролет, во неговото интервју тој сподели детали за себе и овој стадиум од неговата кариера, за поделбата на сценскиот костим и модниот дизајн како сегменти и ни кажа која е тајната на дамите кои маѓепсуваат со својот изглед.
View this post on Instagram
Ношпал вели дека моментално сака „животот да го поедностави и да биде што е можно поедноставен самиот со себе“, а личноста која се облекува во Marella за него е „едноставна, природна, интелигентна и шармантна девојка со многу префинет стил и рафинман во модните додатоци“. Според дизајнерот „облеката е рефлексија на тоа што го живее една дама вистински во животот“. Дизајанерот Ношпал стилистички создаде две комбинации две комбинации од актуелната колекција на италијанскиот бренд Marella и линијата Sweet Contemporary.
Стајлинг: Александар Ношпал
Бренд: Marella
Модел: Веда Евтимова
Локација: Kare Macedonia
Видео: Red Central Production
Нема коментари