Во стилот на „Алиса во Земјата на чудата“, британската трендсетерка и ТВ-водителка Алекса Чанг лута низ раскошен дворец во новата реклама на брендот Longchamp. Облечена во црн коктел фустан, со стајлинг препознатлив за нејзниот стил, на секој чекор во луксузната куќа налетува на модните додатоци изработени од квалитетна кожа, наменети за сезоната есен-зима 2014. Со оваа кампања се одбележуваат 20 години од промоцијата на првиот модел на култната торба Le Plage на француската модна куќа.
Нема коментари