Манекенките Алиса Аман, Натали Вестлинг и Валери Кауфман позираат на плажа во кампањата пролет-лето 2015 на дизјанерката Алберта Ферета. Фустаните се нежни, боемски, романтични, и женствени , со ретро нишка од 70-тите години. Застапени се макси фустани, елечиња, здолништа и близи, во крем, бела, светлосина, светлорозова и кафена боја. Моделите, изработени од лелеави материјали, пријатни за топлите денови и лежерните прошетки на плажа, се збогатени со тантела, реси и светни дезени. Фотографиите ги сними Питер Линдберг од 2b Management.
Нема коментари