Актерките Наоми Вотс, Рис Витерспун, Дајан Кругер и Џесика Биел беа ѕвездите на годишната Blue Book гала на Tiffany&Co. што се одржа викендов во Њујорк, настан на кој се појавија облечени во моќни тоалети надополнети со накитот на луксузниот бренд. Иако најмлада меѓу оваа четворка, Џесика Биел носеше бел фустан од The Row кој имаше лош фитинг, неодредена должина и ја правеше многу повозрасна, но останатите актерки имаа одличен стајлинг. Рис избра црн фустан со цветни апликации од J. Mendel и сандали од Џими Чу, со силуета која најдобро одговара на нејзиното тело, Дајан се појави во црвена тоалета со Франко Кауфман, во јака боја која одговара на нејзината личност и моќниот личен стил, а Наоми беше во креација на „Прада“ во бебешко сина боја во која изгледаше етерично. Сите беа стилизирани со накит од линијата Blue Book на Tiffany&Co., парчиња кои чинат илјадници долари. Колку за илустрација, дијамантскиот ѓердан што го носеше Џесика има цена од еден и пол милион долари.
Нема коментари