После четири епизоди на „Фамилијата Марковски“ оваа македонска телевизиска серија доби свои фанови и отвори дискусија за многу теми и табуа од секојдневниот живот. На социјалните мрежи видовме многу коментари за сè и сешто, ама и многу симпатии кон актерите Тамара Ристоска и Владимир Петровиќ кои ги глумат Јана и Виктор во серијата. Ама знаете ли дека и претходно сме ги виделе не само во актерска, туку и во улога на модел?!
Тамара Ристоска пред глумата се занимаваше со манекенство и ние уште на времето ја забележавме во фотосесијата за колекцијата Sternum на брендот „Драма“ на дизајнерката Ивана Кнез. Колекцијата е од 2011 година, а на промотивниот едиторијал работеа фотографот Жарко Чулиќ и шминкерот Дарко Мишовски.
Владимир Петровиќ го запознавме уште одамна како Мали во детската серија „Наше маало“, сега „порасна“ во Виктор во серијата, а го памтиме и како заштитно лице на Моден викенд-Скопје за сезоната есен 2016. Тој заедно со уште тројца млади актери се појавува во кампањата под мотото „Талентот е новото секси“, а фотографирана од Ани и Дими.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари