Поминаа 23 години откако Кери Бредшо, ликот од популарната серија „Сексот и градот“, ни ја кажа поговорката: „Во Њујорк секогаш барате работа, момче или стан“. Сега, конечно сме подготвени да ја провериме последната ставка од таа листа.
Па, барем за една ноќ. Во пресрет на прикажувањето на продолжението на серијата кое е насловено And Just Like That… на HBO Max, Airbnb во партнерсво со Ворнер Брос го рекреира станот на Кери, кој може да се изнајми за цена од само 23 долари за една ноќ.
Иако огласот на Airbnb не се наоѓа во истата зграда на Кери, но гостите сепак можат да очекуваат многу незаборавни спомени од саканото шоу. Во аголот седи бирото и лаптопот на Кери, покрај креветот е столче со класичен телефон на кој Кери му се јавуваше на Ѕверката, на спротивната страна има библиотека, фотелја и масичка. И, се разбира, тука е и собарата-плакар.
Извонредниот и тотално нереален плакар на Кери, не само што е повторно создаден, туку и опремен со некои од нејзините најдобри дизајнерски парчиња. Гостите можат да се облекуваат во нејзиниот модел од тул кој го има на најавната шпица на серијата, да ги обујат нејзините чевли со потпис на Маноло Бланик и да го носат ѓерданчето со буквите од нејзиното име. Ито така, ќе бидат почестени со целосен стајлинг и фотосесија.
„Ликот на Кери Бредшо ми е близок и драг на срце, а повторната посета на нејзиниот свет за продолжување на приказната за „Сексот и градот“ беше огромна радост. Возбудена сум што нашата публика ќе го доживее Њујорк на Кери како никогаш досега и ќе „чекори во нејзините чевли“, буквално, за прв пат“, изјави актерката Сара Џесика Паркер, односно Кери Бредшоу во серијата.
Рекреацијата на станот на Кери Бредшоу секако дел од промоцијата на новото поглавје на серијата и изнајмувањето се однесува само на две поединечни букирања за по еден ден, на 12 и 3 ноември. Букирањето ќе почне на 8 ноември.
Нема коментари