Манекенката Адвоа Абоа позира на насловната страница на декемврискиот број на британски Vogue, прва реализирана под комплетно креативно водство на новиот главен уредник Едвард Енинфул. Стајлингот на насловната е инспириран од 60-тите, Абоа носи комбинација во ретро стил од Марк Џејкобс, има големи обетки и шминка со нагласени црвени усни и сино обоени очи, а фотографијата е на Стивен Мајзел, за кој ова е прв ангжман за британското издание на магазинот по цели 25 години.
Покрај фотосесијата Единфул, Британец по потекло од Гана, и Абоа, родена во мешан брак меѓу бела Британка и татко од Гана, зборуваат за потребата од разновидност во модата и ангажирањето на личности од различни раси и етникуми, како и тоа што значи да се биде црн и Британец во 2017 година. Енинфул, кој со години е во модниот бизнис, вели дека на почетокот од кариерата имало многу малку црни личности во оваа индустрија, затоа е подготвен да воведе разноликост во списанието и смета дека претходното уредништво и содржината што ја продуцирале биле премногу „бели“.
Едвард Енингфул со декемврискиот Vogue најавува нова ера во магазинот, а како што самиот вели, новиот број на #NewVogue е посветен на Велика Британија и на креативците кои достојно се претставуваат дома и во странство. Од самата прва страница може да видиме дека во бројот ќе бидат третирани Кејт Мос, Викторија Бекам, Кара Делевињ, Наоми Кембел, Грејс Кодингтон, Мили Боби Браун, Зејди Смит, Салман Ружди и други успешни Британци.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари