Компанијата за спортска облека „Адидас“, одбележувајќи декада успешна соработка со Џереми Скот, деновие ја промовира својата пролет-лето 2014 кампања. Во lookbook-от се појавува моделот Аџак Денг, која ги носи новитс спортски парчиња, каде доминират впечатливи неонски бои, како портокалова, жолта, розова и сина. Колекцијата е рашарана и со флорални и животински принтови, што ги прави моделите носиви и во секојдневната облека. Понудени се класични спортски парчиња, како маици и шорцеви за трчање, со подобрен материјал, но тука се и дрес-фустан, кожена шарена јакна и женска верзија од кошаркарски дрес. Голем впечаток остваат новите патики со подигната пета, кои имаат крила на краевите, што им дава интересен ефект на моделите при трчање и скокање.
Нема коментари