Дизајнерот Џереми Скот, десет години откако соработува со Аdidas Originals, го ласнира првиот парфем за брендот за спортска облека. Производот , чие шишенце е во вид на „адидас“ патика со крилја, ќе се најде во продажба во февруари. Станува збор за унисекс парфем со свеж мирис. На фотографијата за рекламната кампања, која ја сними тандемот Inez & Vinoodh, Скот со кријла на него држи поголем примерок на парфемот.
Нема коментари