Музичката икона Адел е првата личност која што истовремено се нашла на насловните страници на Vogue и Vogue UK, но со различни фотосесии и интервјуа за американското и британското издание на списанието. Адел се враќа на сцената по пауза од пет години и го промовира новиот албум наречен 30.
Стивен Мајзел ја фотографираше за британски Vogue, додека за американското издание фотосесијата ја направи Алистер Меклелан. Во разгoворите за Vogue таа зборува за разводот, за синот, за новиот партнер, ја начна и темата за драстично изгубената тежина и отркива дека многу вежбала, не само за да ги изгуби килограмите, туку и да се справи со анкциозноста.
Адел на едната насловна носи жолт корсетиран фустан на Вивиен Вествуд, на втората зелена креација од новата колекција на висока мода на Валентино, а двете изданија на Vogue открија дел од фотосесиите.
Нема коментари