Креации од македонскиот бренд Acid Wear Girls од неодамна се на продажба во Малта. Етикетата, која е препознатлива по својот младешки, урбан стил, за девојки што негуваат алтернативен имиџ, се најде на полиците на новото креативн студио, Leo Art Design што се наоѓа во градот Слиема.
-Моделите на Acid Wear Girlsсе најдоа на продажба на Малта по иницијатива на Leo Art Design, чии сопственици се Маја и Бернард. Дојде до поклопување на вкусовите на моделите на Acid Wear Girls и концептот на Leo Art Design. Како досега брендот секоја сезона ќе има нови модели кои исто така ќе бидат и промовирании на Малта-вели Сандра Петкова, која стои зад етикетата Acid Wear Girls.
Сандра со Acid Wear Girls редовно учествува на pop-up продавниците или во модната програма на разните културни манифестации кај нас, а последни во низата беа претставувањето на Super Design Pop-Up Store и на саемот за современа уметност, „Паратисима“. Колекциите се продаваат и во дизајнерското студио Just Because во Скопје.
Етикетата Acid Wear Girls произлезе од Acid Wear кој е основан во 1997 година во Скопје. Моделите на брендот се мотивиран од секојдневието на урбаните луѓе, кои имаат интерес за современа музика и екстремни спортови. Облеката го рефлектираат начинот на живеење на поединците што се чувствуваат младо и сакаат да бидат модерни. Ги следат светските трендови и побарувачката на пазарот. Креациите на Acid Wear долги години ги носеше авторката на некогашната музичка емисијата „Т-град“, Марија Атанасовска, на ТВ „Телма“, можеа да се видат и на актерката и водителка Елизабета Клинчаревска-Младеновска, како и кај неколку балетски групи.
Нема коментари
Prekrasno !!!
Cestitki ,,,Sandra !!!
Samo napred !!!