All White Summer Collection
Новата колекција на домашниот моден бренд „Алшар“ предводен од Силвија Михајловска е стилска приказна комплетно осмислена во бела боја. Инспирацијата е познатиот филм A Bigger Splash во кој главната улога ја има Тилда Свинтон, кој според дизајнерката има прекрасни костими на „Диор“ и е визуелно совршено направен летен филм.
-Целата колекцијата е направена од природни ткаенини како лен, свила и памучен кепер во бела боја, која е совршена за топлите летни денови. Акцентот е ставен на тоа дека белите фустани можат да прилегаат на секој тип на тело, доколку се погоди конструкцијата и кројката. Верувам дека сите жени можат да носат соодветни бели фустани и да се чувствуваат комотно и убаво – вели Силвија.
Колекцијата содржи 20 изгледи на вечерни фустани, фустан-кошули, проѕирни туники и кафтани наменети за носење на плажа. Дел од колекциите се со златни и црни детали, како и со рачно доцртани детали, што е карактеристично за брендот „Алшар“. Креациите се уникатни и секоја креација е направена во различна величина.
Фотосесијата за новата колекција е направена во дворот на Музејот на современа уметност, а крациите ги носеа Ана Ежова и Маргарита Бакев.
Нема коментари