Пред неколку години Ан Самстронг, маркетинг консултантка од Сан Франциско и како вели за себе мотивирана деловна жена, одлучи да го документира својот деловен изглед на блогот 9to5chic – како еден вид стилски дневник и дестинација на која постира стилски совети за изглед во канцеларија од 9 до 5 часот. Ан е една од првите блогерки фокусирана на деловната мода и сè уште е активна на социјалните мрежи. Објавува инспирација за деловен излед кој се темели на шик елеганција, комбинации со класични модни парчиња како добро скроено сако, салонки, кошула, строги фустани, рамни панталони, односно претежно смирени комбинации кои секоја деловна жена може да ги употреби. Ова се комбинации кои повеќе се сведуваат на класична и безвременска облека, отколку на слепо бркање на трендовите, но се доволно современи за да го погоди стилот на секоја ултра модерна жена.
Нема коментари