Или уште подобро кажано, никогаш нема да излезат од стил, секогаш ќе бидат почетна стилска одредница кога е во прашање ова женско парче облека. Тие му пркосат на времето и новите модни тенденции, па затоа инвестирајте токму во овие видови на фустани. Не мора да ги поседувате сите, но секако проценете кои кроеви токму вам ви стојат сспоред личниот стил и конституцијата на телото, и при секој нов шопинг барајте ги токму тие модели. Ова нека биде куса лекција по модна историја и воедно водич при купување.
Халтер-фустан
Овој фустан со прерамка околу вратот и гол грб, стана популарен во 40-тите и 50-тите години од минатиот век, сетете се само на белиот фустан на Мерилин Монто од „Седум години верност“, а повторно се актуелизираше во 70-тите, благодарение на Џери Хол и Бјанка Џегер и останатите модни икони на диско-ерата. Тие во тој период обожаваа да се забавуваат во познатата њујоршка дискотека „Студио 54“, облечени во метализирани халтер-фустани, најчесто од дизајнерот Халстон. Сезонава слични стилови може да најдеме во колекцијата на „Гучи“, во чиј модел е облечена и манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли.
Фустан со А-линија
Овој крој кој му ласка за женкото тело од сите облици, датира од 1955 година кога парискиот кутуриер Кристијан Диор нè запозна со таканаречениот „нов изглед“. Фустаните во овој женствен стил кој потсетува на буквата А, вообичаено се со тесни раменици и широко здолниште кое се шири од половината надолу, по примерот на белиот фустан на Елизабет Тејлор. На фотографијата лево, младате актерка Рејчел Билсон носи креација на „Шанел“.
Фустан со рамен крој
Вакви фустани носеа омилените модни музи во 60-тите, како на пример манекенката Џин Шримптон (десно на фотографијата), а модели со ваков крој се релевантни и денес како на модните писти, така и на црвениот килим. Актерката Клое Морец носи фустан од Кристофер Кејн.
Кошула-фустан
Не е важно дали технички е кошула или фустан, ама ова е многу практично парче облека во лежерен стил. Веднаш се присеќаме на Брижит Бардо и филмот „И бог ја создаде жената“ од 1956 година, а овој модел на фустан одлично и’ стои и на Кејт Бланшет, овде во креација на Мајкл Корс.
Фустан со тенки прерамки
Сексапилната актерка Џин Харлоу во 20-тите години ги натера жените да се вљубат во овој ослободувачки фустан со прерамки тенки како шпагета, повторно го засакавме во 90-тите кога видовме како Кејт Мос го носи, а во денешно време ја гледаме и Ријана во сличен модел во црвена боја дизајниран од Келвин Клајн.
Вечерна тоалета
Кога ќе се речеме тоалета, мислиме на раскошен балски фустан како од колекците на американскиот кутуриер Чарлс Џејмс. Ако сте доволно среќни да присуствувате на пригода што бара ваков фустан, ви препорачуваме да изберете структурирана тоалета која што потсетува на дизајните на Џејмс, како на пример фустанот од Прабал Гурунг што Даен Кругер го носи.
Фустан на преклоп
Од античкото кимоно до легендарниот модел на Даен фон Фурстенберг од 70-тите, вреди да се инвестира во фустан на преклоп. Не само што е совршен за секоја градба на женското тело, туку е одлично парче за на работа или за денска прошетка. Десно ја гледаме дизајнерката фон Фурстенберг во сопствена креација, а актерката Лупита Нионго носи модел од Прабал Гурунг.
Нема коментари