После месеци носење топли џемпери, пердувести јакни и плетени капи, сончевите денови ја најавуваат пролетта и првите пролетни трендови кои одговараат на овој преоден период. Време е да ги облечеме првите пролетни парчиња, чизмите да ги замениме со патики и да се прошетаме во свежите трендови. А пролетта е и вистинско време за мантил, но наместо класичниот беж модел, зошто да не облечете некое впечатливо парче со цветна шара?! Точките се голем тренд сезонава, ги има во сите бои, форми, и на секое модно парче. Наместо традиционално кафено каро одберете обновена верзија во вид на розева или виолетова карирана шара. Во сличен тоналитет е нијансата на лаванда, како е една од основните бои на сезоната.
ТОЧКИ ВО СИТЕ ФОРМИ И НА СИТЕ МОДНИ ПАРЧИЊА
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари