Секоја сезона покрај главните модни тенденции се провлекуваат бројни минитрендови кои додаваат индивидуалност на вашата модна комбинација. Многу често микротрендовите траат подолго од главните тенденции, па понекогаш е подобро да се сконцентрирате токму на малите модни решенија, доколку сакате да го потенцирате вашиот личен стил. Пример се спортските елементи како шорцевите и спортските маици кои се носат надвор од спортските сали. Облеката со градација на неколку бои е алтернатива на главниот тренд на tie-dye боење. Шара на маргаритки како само една опција на цветен дезен, панделките како детали на облеката и модните додатоци во портокалова боја се исто така летни микротрендови. Ленот како ткаенина е базата на летната облека, а оваа сезона актуелни ќе бидат ленените комплети од кошула и бермуди.
СПОРТСКИ ШОРЦЕВИ
ГРАДАЦИЈА НА БОИ
МАРГАРИТКИ ИСПЕЧАТЕНИ НА ОБЛЕКАТА
ПАНДЕЛКИ КАКО ДЕТАЉ
СПОРТСКИ ГРАДНИЦИ
ЛЕНЕН КОМПЛЕТ
ПОРТОКАЛОВИ ДОДАТОЦИ
Нема коментари