Оваа боја или ја сакате или не ја поднесувате. Доста е специфична како боја на обувки, ама според познатите жени со стил се смета за доста кул. Пудресто розевата е бојата што треба да ја примените токму сега. Оваа нијанса е новата неутрална на сезоната. Ама се вметнува во чевлите и сандалите на сосема модернистички начин, не на романтичкарско-девојчешки начин како што сме навикната да ја гледаме.
Чевлите во пудресто розова комбинирајте ги со облека во неутрални бои или слична нијанса за монохроматски изглед. Но може да се комбинира и со принт кој содржи розова боја, со џинс, со елегантни парчиња со машки крој, и но и нежни фустани. Во однос на стилот на обувки, најголем хит се новата верзија на мери џејн-моделот, класични салонки со средна висина на потпетици и оксфорд чевлите.
Нема коментари