Издвојувањето од толпата значи многу за еволуцијата на модниот стил на една личност, особено кај мажите кои сметаат дека имаат ограничен избор, но постои разлика меѓу искажување впечатлив стил и кловновското привлекување внимание. Секако, го преферираме ова првото, а нудиме и совети како да ги комбинирате клучните летни трендови и во исто време да прикажете стил со став. Ако ова лето мора да носите костум, предлагаме да е во смела боја или пак во неутрални тонови но во комбинација со бермуди. Кога сме кај бермудите, за полежерни миксови одберете шарени модели и носете ги со маички и кошули, во зависност дали сакате поелегантна или порокерска комбинација. Фармерките се константа во машката мода, па за оваа сезона трендот и понатаму вели тие да се искинати, без разлика дали се со тесен или поширок крој. Сосема неочекувано, на листата е хавајската кошула, но сега со помодерен крој и во покул комбинации. Обувките се доста важни за целокупниот стил, па за овој период патиките, бродариците, еспадрилите нека бидат во смели бои.
Костум со бермуди
Костум во смели бои
Хавајка во модерна интерпретација
Искинат џинс
Шорцеви со принт
Чевли со став
Нема коментари