Педесет и четиригодишната Французинка Софи Фонтанел има профил на Инстаграм со најмногу стил, според светските модни сајтови. На оваа писателка и модна колумнистка на парискиот магазин L’Obs може да ѝ подзавидат и да се угледаат многу модни блогерки и ѕвезди на Инстаграм. Спонтана, едноставна, шармантна и со многу стил, таа постира фотографии од својот дневен изглед или од разни модни и културни настани на кои присуствува. Во нејзиниот стил доминираат совршени кроеви, еко материјали, впечатливи детали и необични винтиџ модели. Таа е љубителка на винтиџ облеката и дури 80 отсто од нејзнината гардероба е во тој стил. На своите читатели им откива дека за добар стил не е потребно постојано да се купува нова облека, напротив, тоа може да се постигне и со рециклирани или веќе носени модели.
-Ако сакате да бидете добро облечени и стилизирани, морате да учите гледајќи стари филмови, посетувајќи музеи и секако, да сурфате и на интернет. Покрај тоа, треба да читате книги, бидејќи кога ќе се збогатите духовно со убави нешта, тоа ќе се рефлектира на вашата облека-вели Софи.
Нема коментари