Луксузните дизајнерски парчиња не се секому достапни, но тоа не значи дека облеката и модните додатоци со достапна цена не може да изгледаат со доза на луксуз. Со умешност и неколку стилистички трикови вдахнете им раскош дури и на парчињата купени на попуст. Секоја луксузна комбинација не мора задолжително да значи совршен изглед, но сè што изгледа скапо не мора да чини многу. Следете неколку правила ако сакате да изгледате складно и дотерано и како од милион долари. Внимавајте на квалитетни детали, како чевли, ремени, чанти. Тие мора да изгледаат беспрекорно. Класичните парчиња во неутрални нијанси се секогаш полн погодок, па секако набавете ги во скојот плакар. Бирајте квалитетни материјали и задолжително избегнувајте синтетички и полиестерски влакна. Сега и во бутици што продаваат масовна мода може да пронајдете елегантни парчиња од свила и кашмир. Фитингот е многу важна работа, а и најскапата облека изгледа неугледно кога е во погрешна величина. Не претерувајте во следењето на трендовите, вметнувајте едно или две трендовски парчиња, во спотивно ќе изгледате предвидливо, неавтентично и нападно.
Обрнете внимание на деталите
Дизајнерката Никол Ричи се потпира на детали со висок квалитет, како на пример украсување или богат вез на нејзините сакоа и палта. Понекогаш се доволни само луксузни или интересни старински копчиња за да внесат луксуз на обичниот блејзер.
Употребувајте квалитетни ткаенини
Ова кожено здолниште на Оливија Палермо изгледа навистина луксузно. Вие може да изберете еколошка варијанта на кожа, чини помалку, а во исто време ги задоволува принципите на еко или веганскиот животен стил. Новите видови на еколошка кожа се поразлични од оние постарите верзии кои изгледаат како пластика, туку тие се меки и скоро како вистинска кожа.
Бидете сигурни дека облеката е со вистинска величина
Внимавајте на фитингот и кројот, особено кај сакоата, палтата и панталоните. Погледнете ја манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли и нејзината комбинација – совршено скроено сако во бела боја (бирајте блејзер во светли, беж или сиви тонови, тие се покул од вообичаеното црно сако) кое е совршена надградба на секоја секојдневна комбинација.
Инсертирајте ги трендовите на суптилен начин
Најдобро е да одберете едно трендовско парче, а останатиот дел од комбинацијата оставете да биде едноставен, неутрален, неупадлив. Пример е модната блогерка Тетја Мотја која избрала голема чанта со впечатлив леопардов дезен, но остатокот е со едноставни кроеви и во неутрални нијанси.
Обезбедете си пет основни парчиња и бои
Класиката е секогаш топ квалитет. Затоа, препорачливо е во својата гардероба да имате пет основни парчиња – фармерки, квалитетен џемпер, блуза, рамни чевли, класичен капут или мантил, а најдобро е да се обоено во некоја од слетниве пет бои – бела, црна, беж, сива или тегет. За пример, погледнете ја комбинацијата на блогерката Ханели Мустапарта.
Нема коментари