Кога се поставува прашањето за тоа кои се најжешко дебатирани едиторијали во магазините, се чини дека публикаците на Condé Nast се водечки на списокот кога станува збор за дискутабилни фотографии. Со количеството на контроверза која редовно го опкружува магазинот Vogue, тоа е само игра на чекање на она што ќе биде објавено следно.
Следните 5 фотографии се најконтраверзните објави во скорешната историја на Vogue.
Никогаш подалеку од контарверзните субјекти, Vogue Италија се најде во оган со насловната приказна за мартовскиот број од оваа година. Стивен Мајзел ја има фотографирано данската моделка Саскија де Браун во евидентен концепт на лице на црнец. Позирањето покрај препарирани африкански животни и носејќи родовски принтови само придонесе на зголемување на дозата на негативност со која се опкружени дискутабилните потези на списанието.
Американскиот Vogue се најде под лупа во февруари 2013 по објавата на насловот „Трупата на бурата” кој се однесуваше на ураганот Сенди. Eни Леjбовиц ја има овековечено групата моделки кои парадираат околу зоната на несреќата, облечени во фустани од илјадници долари и позирајќи покрај противпожарната служба на Њујорк и останатите учесници во хуманитарната акција.
Легендата во модната индустрија Мајзел можеби преферира да си ја чува својата приватност надвор од фотографското студио, но неговите идеи и фотографии се истрајни во шокирањата. Портфолиото на Mајзел за изданието на италијанскиот Vogue од септември 2011 запали долга дебата поради сетот слики со Стела Тенант. Сликите поттикнаа шпекулации дека половината на 43-годишната моделка е намалена на само 33 сантиметри за фотографирањето (со надеж дека е фотошоп). Фотосесијата беше инспирирана од модната фигура од раниот 20-ти век Етел Грангер.
Повторно во жежок оган Vogue Италија се најде со насловната сторија во изданието од април 2014 година. Медиумите беа запалени со сликите на Мејсел кои преставуваа семејно насилство како „ во мода”. Деветте фотографии за крвавата модна приказна насловена како „Хорор филм” ја вклучи моделката Иса Лиш како наводна нападната и како бега од човек со оружје.
Неколку години се шпекулираше дека некои одредени изданија на Vogue Париз се причината зошто Карин Ројфелд нагло ја напушти функцијата на главен уредник на магазинот. По серија на проблематични приказни, шефовите на Condé Nast изгледа одлучија да ја притиснат Ројтфелд по божиќното издание во кое Том Форд е гостин-уредник. За рубриката Cadeaux, Шериф Хамза искреира портфолио кое поттикна дебата во врска со сексуализација на децата. Шемса фотографираше група на деца кои носат фустани и додатоци кои се соодветни за возрасни жени – типичните читатели на францускиот Vogue. Девојчињата се забележани со фризури за возрасни и лица полни со шминка, додека гледаат во објективот со празни експресија и сето тоа опкружено со дијаманти и подароци од различен вид.
Нема коментари