Маичката со лого и принт од вашиот омилен рокерски бенд не е само израз на музичките преференци, таа прерасна и во моден тренд последниве сезони. Рокерските маички не се купуваат само за време на концерти, тие во разни верзии се дел од понудата на модните брендови. Овие маички се идеални за летните музички фестивали, и се носат со шорцеви или бициклистички по примерот на блогерката Џули Серања. Но, модните вљубенички ги комбинираат и со поелегантни парчиња како слип-здолниште и сандали со високи потпетици.
Нема коментари