Нема сомнение дека ленот е совршена летна ткаенина, а фустаните и кошулите од овој материјал се задолжителни за летување, на работа и прошетка низ градот. Еве неколку начини како може да го носите ленот илустрирани преку фотографии од ѕвездите на уличната мода.
САКО
Иако во топлите месеци не носиме сакоа, за оние денови кога е посвежо или за во канцеларија е идеално парче.
ОД ГЛАВА ДО ПЕТИЦИ
Блејзер и панталони, блуза и здолниште, кога носите лен од глава до петици, најдобро е да бидат во различни тонови и едното парче со шара како на пример линии.
ФУСТАН
Ги сакаме ленените фустани на преклоп во беж боја. Можеме да ги носиме на летување, но и низ град.
ЗДОЛНИШТЕ
Асиметричен модел со растргани конци на работ – ова е современ начин како да носите ленено здолниште.
КОШУЛА
Нема поудобно нешто во лето од ленена кошула. Во летните месеци ја заменува класичната бела кошула, а има моќ да се комбинира со различни парчиња.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари