Њујоршкиот музеј MoMA се стекна со фустан испечатен во 4Д, кој што автоматски ја менува формата. Ова се случува еден месец откако музејот додаде пет „направи сам“ електронски производи во својата трајна колекција. Проектот на дизајнерското студио Nervous System’s Kinematics создава комплексни парчиња облеки со 3Д-принтер, кои се направени од цврсто испреплетени компоненти. Облеката што ја дизајнираат може да се прошири до својата полна големина откако ќе биде отстранета од печатачот, а тоа се прави автоматски, без да се собере.
Музејот за современа уметност во Њујорк соопшти дека го добил првиот фустан произведен со помош на оваа техника, исто и софтвер со чија помош може да се создаде истиот како и видео, што ја објаснува идејата. Фустанот беше созаден со 3Д-принтер од команијата Shapeways во Њујорк, во почетокот на годинава, како единечно парче, кое подоцна се разви во финалната форма. Ова овозможува создавањето на облека да биде поефикасно.
Со помош на 3Д- скенер се снима телото и се краира дизајн кој ќе одговара на конструкцијата на купувачот. The Kinematics Dress нуди сосема нов пристап во производството кој цврсто ги интегрира дизајнот, симулацијата, и дигиталното прозиводство за да сесоздаде комплексен производ.
Нема коментари