Уредникот и стилист Едвард Енинфул успеа на едно да собере 40 „легендарни жени“ за една групна фотографија за неговата проштална насловна страница на британскиот Vogue. Мартовскиот број на ова модно списание ќе биде последниот со Енинфул на позицијата главен уредник.
Супермодели и ѕвезди од светот на филмот, телевизијата, модата и спортот се собраа во Њујорк на снимањето со фотографот Стивен Мајзел. Тоа е најголемиот број на жени некогаш снимени заедно за насловна страница на Vogue. Сите претходно се појавуваа на насловната страница на списанието за време на шестгодишниот мандат на Енинфул.
На насловната ги забележуваме Кристи Тарлингтон, Кејт Мос, Опра Винфри, Линда Евангелиста, Џејн Фонда, Серена Вилијамс, Џиџи Хадид, Викторија Бекам, Мајли Сајрус… и уште многу други жени од различни професии и возрасти.
-Еве го: моето 76-то и последно издание на Vogue, шест и пол години и 153 насловни ѕвезди подоцна, вклучувајќи ги и 40-те легендарни жени кои се појавуваат на оваа насловна страница – вели Единфул и признава дека му е чест што го поминал ова модно патување. Сега тој од позицијата на главен уредник на Vogue UK ќе премине во нова улога како глобален креативен и културен советник на Conde Nast за Vogue.
Нема коментари