Холандското архитектонско студио DUS ја употреби техниката на 3Д печатење за да изгради куќичка од 8 метри квадратни во Амстердам и сега кани гости да преноќат во малата кабина. Архитектите на DUS користат одржлива био-пластика за да создадат пример за 3D Print Urban Cabin, со цел да покажат ново решение за производство на привремено сместување или помош при катастрофи. Кога кабината повеќе нема да ви треба, таа може да биде уништена и речиси целиот материјал може повторно да се користи.
-Зградата е истражување во полето на компактни и одржливи решенија за живеалиште во урбаните средини. Техниките на 3Д печатење може да се користат за мали привремени живеалишта или во области погодени од катастрофа. По употребата, био-материјалот можат да се сомеле на парчиња и од него повторно да се испечати некој нов дизајн – велат од тимот на DUS.
Ова архитектонско студио од Амстердам во моментов е во завршна фаза на проектот за изградба на целосна куќа покрај еден од каналите, која исто така ќе биде 3D печатена. Во меѓувреме го претставија овој проект на микро куќа со влез и мал трем од едната и голем прозорец од другата страна. Кабината има структурална фасада, био-материјалот за градба содржи ленено масло и е развиен во соработка со компанијата Henkel. Внатре кабината содржи доволно простор за кревет, кој преку ден може да се здипли и користи како место за седење. Нема доволно простор за купатило, но од студиото DUS испланирале 3Д печатен када која што ја поставиле во градината пред куќичката.
Нема коментари