Покрај главната функција, да ве стоплат во студените есенски и зимкси денпви, палтата, капутите и јакните се тие што ја заокружуваат вашата модна појава, без разлика дали сте упатени кон своето работно место, на пијалак со пријателите, на вечера или на забава. При изборот на соодветен модел за овој период, кога се уште не се паднати температурите под нулата, изберете безвременски и урбани модели кои ќе ги носите во повеќе пригоди и кои ќе го дефинираат вашиот ееснки миџ. Во богатата понуда за оваа есен-зима 2016 на „Манго“ има впечатливи но и класични мантили, кратки монтки, твид палта, бунди со животинска шара, капути со прав крој, ретро модели со каро шара и пруги, како и дизајни инспирирани од машката мода и со војнички мотиви… Ви нудиме избор на 25 интересни модели, наменети за секој тип на жена и девојка, кои може да ги комбинирате со своите омилени зесони здолништа, панталони и хеланки.
Нема коментари