Секоја актерка што сака да стане успешна во Холивуд знае дека агент ги набавува најдобрите улоги, публицистот ги промовира, но вистинската магија се случува зад сцена, кога искусниот стилист актерката може да ја претвори во ѕвезда. Зад секој прекрасен и успешен изглед од црвениот килим стојат тие, холивудските стилисти, поинаков вид на моќници кои бираат, координираат, обликуваат имиџ, одлучуваат кој дизајнер нивните клиенти ќе го носат на одреден настан. Доколку ве интересира кои се тие креативци што го обликуваат стилот на Лупита Нионго или Кејт Бланшет, проверете ја листата на 25 моќни стилисти, што списанието Hollywood Reporter веќе традиционално ја публикува по завршувањето на сезоната на големите музички и филмски награди што завршува со „Оскарите“.
Прва на листата е Елизабет Стјуарт, поранешна модна новинарка која која за клиенти ги има Кејт Бланшет, Сандра Булок, Џулија Робертс, Џесика Частеин, Аманда Сејфрид и Џенуари Џонс, актерки од првиот ешалон кои таа ги облекува за „Оскарите“, Кански фестивал и други значајни настани. Потоа следи Петра Фленери, која им е стилист на Ема Стоун, Ејми Адамс и Зое Салдана, како и Микаела Ерлангер која се грижи за Лупита и Оливија Ман. На листата се и Рејчел Зое, Кејт Јанг, Лесли Фремар, Карла Велч и Кемал Харис…
Изданието Hollywood Reporter направи голема фотосесија со највлијателните стилистите и холивудските ѕвезди за кои тие се грижат. Па така на насловната е Микаела Ерлангер со своите клиентки Лупита Нионго и Мишел Докери од серијата Downtown Abbey, а внатре во списанието се Кристен Стјуарт со својата стилистка Тара Свенен, Дакота и Ел Фенинг со Саманта Мекмилан, Роуз Брн со Пени Ловел… Tреба да напоменеме дека оваа листа се однесува на стилизирање на холивудските ѕвезди, и е поразлично од она што го прават модните стилисти за големите списанија Vogue, Elle, Harper’s Bazaar, W…
Нема коментари