Мотивот на соѕвездија често се среќава во украсите за коса како дел од невестинскиот изглед, или пак на ноктите маникирани во небесен манир, сега се појавуваат и на венчалните фустани. Дизајнерите во своите свадбени и претапорте колекции за следната сезона внесоа ѕвездено расположение, а трендот на ѕвездени венчаници го разигра и познатата њујоршка наследничка и диџејка Хана Бронфман. Таа на својата свадба во Маракеш смени неколку фустани, едниот беше бежов модел украсен со ѕвезди од Кукулели Шахин.
Темата на ѕвезди и месечини на свадби може да се забележи во декорот, невестинските украси, свадбените покани, чевлите, но сега е посебен тренд кај венчаниците. Дизајнерката на венчаници Александра Греко во последната колекција соодветно наречена Stardust (Ѕвезден прав), се инспирира од токму од ѕвездите и ги аплицира на венчаниците и на транспарентните наметки. „Сакав везените ѕвезди да изгледаат како да паднале од небото и се напрашиле врз фустани, оттаму и името на колекцијата“, изјави Греко за магазинот Brides.
Девојките кои ги сакаат ѕвездите како мотив може да се одлучат токму за венчаница во која се пресликала вселената. Еве една стилска листа од 10 ѕвездени венчаници за инспирација.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари