Зимскиот период е идаелен за експериментирање во модните комбинации и за повеќеслојно облекување. Оваа сезона во основата на многу трендовски комбинации е ролката. Иако може да се каже дека никогаш целосно не излегла од мода, сепак, таа има своевиден стилски камбек. Покрај плетените варијанти и комбинациите со кошула, за кои веќе пишувавме, ролката може да ја носите секој ден, во различни комбинации и секогаш да изгледате свежо и ново. Таа може да биде основа под слип фустан или комбинезон, да ја носите под џемпер, под џинс јакна или кошула, со бомбер или кожена јакна, со друга ролка или пак со долг елек. Вметнете ја во својот секојдневен изглед за на работа, со сако, под тиролка или фустан со ракави. Покрај спортските и кежуал варијанти, каде ќе биде во функција да дотаток кој ќе ве стопли, може да направие шик комбинациај и со свилен фустан, со кимоно или со креација од тул врз нејзе, за вечерните излегувања. Во продолжение е селекција од 20 интересни предлози од уличната мода за комбинирање на ролката оваа зима.
Нема коментари