Креаторот Кристијан Диор своевремено кажал: „Можете да носите црна боја во секое време. Можете да ја носите на било која возраст. Можете да ја носите за речиси секоја пригода“. Да, постојот голем број на модни вљубеници кои преферираат црно дури и во најтоплите месеци. Некои во лето носат бело, цветно и шарено, ама некои навистина ја сакаат облеката во црна боја. Настрана фактот дека црната ги привлекува сончевите зраци и прави да се чувствувате уште потопло, црните комбиации поседуваат одредена мистичност. Сепак, кога носите црно во лето, внимавајте да одберете пририодни материјали што „дишат“, држете се за базичните модни парчиња (црната памучна маица е класика), а безвременска опција се и црните вечерни фустани. Црната боја е доста јака сама по себе, па не претерувајте со додатоци и бирајте минимализам во изразот. Предлог се и црните бермуди, дневните фустани со сандали или влечки, комбинезоните, широките панталони во спој со маичка на бретели…
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари