Пред вечерашното доделување на Оскарите, филмските награди кои се значајни и во модниот свет поради стилските комбинациии што ѕвездите ги носат на црвениот килим, да се потсетиме на фустанот во облик на лебед што исландската ѕвезда Бјорк го носеше во 2021 година на Оскарите и е креација на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски. Овој изглед на Бјорк е еден од најозборуваните кога се оскаровските стајлизни во прашање, некогаш во позитивна, често и во негативна конотација. Мислењата за естетките вредности на креацијата сè уште се поделени, но секогаш кога се прави ретроспектива на оскаровскиот црвен килим, овој фустан е на листите на незаборавни, најпрепознатливи, најиконични и највпечатливи стајлинзи. За иконичноста зборува тоа што креацијата на Пејоски најде свое место и на модната изложба ‘CAMP: Notes on Fashion’ во њујоршкиот музеј Метрололитен.
Никогаш нема да го заборавите овој изглед, нели? Денеска сме навикнати на откачени и драматични стајлизни, на Мет Гала, во стилот на Лејди Гага и на многу други ѕвезди, но кога во 2001 Бјорк се појави во фустанот во облик на бел лебед, јавноста беше благо шокирана. Бјорк како авангарда во однос на музиката, како да беше и предвесник за сите храбри модни исчекори што сега се случуваат. Фустанот, дизајниран од Марјан Пејоски, се појави во неговата колекција за есен 2001 на Париската модна недела, колекција што изобилува со други птичји референци. Пејоски е Македонец кој се школувал во Лондон и подолго време гради успешна светска кариера.
Нема коментари