Овој викенд во Битола ќе се одржи 20-тото издание на фестивалот „Битола отворен град“ во организација на МКЦ-Битола.
Фестивалот цели две децении обединува, креира и инспирира младинско учество преку музика и уметност низ општествен процес во кој поминале многу генерации. Годинава во двата фестивалски денови, на две локации, во Пациото на музејот и локалитетот Хераклеја, ќе настапат бројни артисти и бендови.
Еве ја програмата:
Петок 10 септември 2021
*Музеј Пацио, 21 часот
Концерт на The BalGuns (Грција) и Stereo Banana (Србија)
Сабота 11 септември 2021
*Антички театар Хераклеја, во 20 часот
Концерт на Кирил Џајковски, Helem Nejse (Босна и Херцеговина) и Love Itoya (Нигерија, Грција)
Концертите се бесплатни, потребна е само регистрација на сајтот на МКЦ-Битола. Бројот е ограничен, согласно здравствените протоколи.
Нема коментари