Воопшто не е вообичаено за едно модно списание да прослават јубилеј со серија на различни насловни страници, но кога британскиот магазин i-D слави 35 години постење, тоа значи дури 18 насловни со 18 модели. Основан од Тери Триша Џонс, лондонскиот магазин стана познат по третирањето авангардни теми, добро осмислниот графички дизајн и првите страници на кои моделите задолжително позираат како намигнуваат или го кријат едното око. Во чест на оваа традиција новиот јубилеен број ќе се продава со 18 различни насловни на кои намигнуваат Кејт Мос, Дарија Вербови, Лара Стоун, Стела Тенант и други манекенски икони, а фотографиите ги направи Алистер Меклелан. Внатре во магазинот може да се најдат интервјуа со најлојалните соработници на i-D – стилсити, фотографи, уредници и уметници – кои помогнаа да се обликува публикацијата во текот на годините, како и интервја со најазначајните дизајнери на денешницата како Карл Лагерфелд, Рикардо Тиши, Александар Ванг и Фиби Фајло.
Нема коментари