Тенденцијата да се мешаат стилови, епохи, материјали и шари, да се носат масивни модни додатоци, модели со принт и натписи, впечатливи бои и навидум стари излитени парчиња, што доминираше изминатите неколку сезони, ќе продолжи и оваа пролет 2018. Повеќе е новото модно повеќе. Еклектичноста што ја наметнаа модни куќи како Gucci, Dolce &Gabbana и Prada на модните недели, брзо се прелеа на улиците на големите центри, на Истанграм профилите на инфлуенсерките и во секојдневниот изглед на „обичните“ модни козументи. Па така, светки се носат преку ден, елементи од спортка опрема на бизнис-состаноци, цветни дезени в зима, а в лето повеќеслојност. Логоманијата, џинсот, карираната шара и волуменозните парчиња од 80-тите и 90-тите ќе имаат продолжение и во претстојната пролет. Ова ќе биде сезона на нагласени рамена, драматични карнери, проѕирни креации од тул и најлон, нови кроеви на мантили и палта, мискс на повеќе тексас модели, нови кожени парчиња инспирирани од спортките трки со мотор. Модните детали исто така ќе бидат гломазни, обетките уште повпечатливи, чевлите со светкава мониста, а ќе се носат повеќе од една чанта. Ви ги преставуваме 15те трендови претставени во колекциите на големите модни куќи, а кои според влијатлните светки магазини ќе доминираат оваа пролет.
1. Враќање на нагласените рамена од 80-тите
2. Карирана шара во стилот на шкотската традиција
3. Нов крој на мантилите
4. Ретро цветни лелеави фустани
5. Впечатливи бои
6. Реси на облеката
7. Драматични карнери
8. Повеќе чанти
9. Пастелни тонови
10. Бајковити обувки со светки
11. Модни додатоци и облека од најлон
12. Рециклирање на старите парчиња од џинс
13. Моторџиски кожени јакни и панталони
14. Светки, многу светки
15. Јакни и блузи инспирирани од старите ветровки
*Не е дозволено пренесување на содржината на
www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари