Слоевитост и микс на стилови, капути и крзнени јакни во ведри бои, џинс и чизми до глужд, крајно време е да изберете неколку комбинации што ќе ве стоплат овој месец. Сè уште не е студена зима, но сепак ни е потребна потопла облека која лесно може да се раслои доколку денот стане потол како овој денешниов во Скопје. Колку за идеја, комбинирајте ролка или џемпер со плисирано здолниште, елегантен капут со кошула во викторијански стил, поткусени фармерки со монтка во боја, сето тоа заокружено со вистински детали како, впечатливи чанта и чевли, шал и шапка.
Нема коментари