Во периодот додека трае големиот летен попуст и пред да биде откриена новата колекција за есен 2019, брендот „Зара“ претстави нови модни парчиња. Новитетите се идеални за втората половина на летото и првите септемвриски денови, а еве кои модели ги забележавме – серија на цветни фустани, блузи со волуменозни ракави, нови кроеви на фармерки, сатенски фустани, костим во тиркизна боја, панталони со принт, сандали и чанти за вечерна пригода. Внимание привлекуваат широките бермуди со цветен дезен и онаа блуза што изгледа како да е парче висока мода, а за која пишувавме ОВДЕ.
Нема коментари