Изреката „помалку е повеќе” е клучна за пролетното и летното облекување и не се однесува само на тоа колку слоеви носите на себе, туку и на применувањето на минималистичкиот и прочистен стил. Минималистичките комбинации овозможуваат лесен стил за топло време, едноставен и помалку обичен – добар пар фармерки, бела маичка, омилените сандали и едно парче модернистички накит – тоа е сè што ви е потребно. И покрај тоа што е забавно да се нареди куп модни додатоци и да се еспериментира со мешање на принтови, во летните месеци има некоја леснотија во прочистениот стил и рационализацијата на модните парчиња. Плус, минималистичкиот изглед ве ослободува од стресот на градење на модната комбинација, а повеќето од нас поседуваме базични парчиња во нијанси како бела, црна, сива и сина. За инспирација, еве неколку примери.
Нема коментари