Со следниве стилистички совети ве охрабруваме да внесете неколку промени во вашето облекување кои ќе внесат драматичност и со тоа впечатливост во вашиот стил. Доволна е една новина во имиџот да постигнете нов изглед со кој ќе бидете забележани.
Облечете капут со нагласен животински принт, шарата на леопард е екстра популарна зимава
Наместо парка или зимска јакна со пердуви, облечете впечатлива авијатичарска јакна поставена со крзно
Не ја потценувајте улогата на ременот со смел изглед, тој има моќ да и’ додаде театралност и на наједноставната комбинација
Долгите кристални обетки ќе ја надоплнат секоја модна приказна
А зошто да не носите металик-фустан преку ден!?
Долгото тегет здолниште ќе го разбудите со детали во јаки бои
Одберете поинаков начин да откриете дел од телото и облечете блуза со процеп на грбот
Вметнете интензивна боја на некое сосема неочекувано место
Кога ќе ви здосадат ѓерданите, ставете свилена панделка како детаљ на кошулата
Одберете наметка со впечатлив изглед
Се двоумите помеѓу црни и бели панталони? Решението е двобојни!
Нема коментари