Да се изгледа одлично на студено време понекогаш изгледа невозможно, но студот, сивилото и температурите под нула нека не ви го одземат модното расположение. За малку помош ви предлагаме неколку модни формули со кои нема да погрешите, се повикуваат на актуелните тенденции и се шик идеи соодветни на зимската сезона.
Џинс + класичен беж капут + патики = кежуал спој со елементи на елеганција
Панталони + блуза со висока јака + капут без крагна = одличен спој за во канцеларија
Плетена ролка + црни фармерки + ниски чевли = идеал спој на црна со сиви тонови
Црвен капут + необична блуза + неутрални фармерки = впечатлив спој
Бунда од еко-крзно + маичка со принт + фармерки = спој за урбани фраерки
Кожени панталони + моторџиска јакна + класичен капут = спој на елеганција со рокенрол елементи
Бел џемпер + бели фармерки – сандали = неочекуван спој на белата во зимска сезона (сандалите заменете ги со беж чизми)
Кошула-фустан + бунда од вештачко крзно + чизми до глужд = спој за оние што може да издржат ладно на нозете
Цветен фустан + капут + металик патики/чевли = тренди спој со уметничка нота
Миди фустан + долг капут + чизми над колена = елегантен вечерен спој
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари