Наташа Војновиќ, Мијо Михаљчиќ, Даниела Димитровска, Џорџина Стоиљковиќ и Маја Латиновиќ се неколкуте топ модели кои се најдоа на тројната насловна страница на новиот број на српски Elle направена по јубилејот од 10 години од лансирање на изданието. Уредништвото цела 2015 ја посвети на јубилејот, но мајскиот број е главниот роденденски со кој се заогружува првата успешна декада. На главната насловна се гледаат Мина Цветковиќ, Мијо Михаљчиќ, Наташа Војновиќ и Антонина Цветковиќ, а потоа на делот од насловната кој се отвора позираат Даниела Димитровска, Ѓурѓа Џорџина Стоиљковиќ, Марија Вујовиќ, Симона Андрејиќ, Злата Мангафиќ и Маја Латиновиќ, успешни српски манекенкенки со завидна интернационална кариера. Фотографијата е на Душан Рељин, а стајлингот на модниот уредник Ненад Јањатовиќ. Во Србија како и повеќето држави во регионот, покрај тоа што постојат повеќе успешни списанија, успешно се издаваат повеќе франшизни магазини, па така на пазарот може да се најдат српски Elle, Grazia, Cosmoopolitan, a од неодамна Esquire и Harper’s Bazaar.
Нема коментари