Едно од основните парчиња во гардероберот на секоја модерна жена, белата кошула, за многумина можеби е едно од најздодевните модели, кое потсетува на строгоста на бизнис-изгледот. Но повеќе сезони модните трендсетери и блогерите покажуваат дека ова навидум стерилно и круто парче, може да биде флексибилно и идеално за повеќе модни комбинации.
Покрај веќе добро познатите некласични комбинации со фармерки, со миди здолниште и со шарени здолништа, оваа сезона пробајте да експериментирате, не само со парчињата со кои ќе ја комбинирате кошулата, туку и со начинот на кој ќе ја носите, и со формата на кошулата. Може да ја носите како фустан, како горна и како долна облека, можете да ја ставите наопачки, да ја кобинирате со машки парчиња и со патики, со ретро модели , и да ги прекршите правилата, комбинирајќи ја со бело, со спортска облека и со износени и скинати фармерки.
1. Кошула наместо фустан
Наместо фит моделот, што ја следи вашата линија, оваа сезона изберете кошула неколку броја поголема, или пак позајмете ја од машкиот ормар. Големата кошула може да послужи како фустан. Ако досега ја носевте со тесни фармерки илисо хеланки, пробајте оваа пролет таа да биде главното парче и основата околу која ќе се врти стајлингот.
2. Комбинирајте со бело
Ако досега тоа ви изгледало премногу стерилно и како комбинација за доктори, сега е една од најносенитеи најинтересните стајлинзи. Белата кошула спојте ја со бело здолниште или бели панталони. Изборот на додатоци може да биде бесконечен. Од шарени, до едоднобојни, златни сребрени и црни парчиња. Кога е постудено со чизми и подебело палто, а во потоплите денови со сандали, патики и со влечки.
3. Облечена наопачки
Во уличната мода сè е дозволено. Креативните девојки знаат обичните парчиња да ги носат на необичен начин. Па така, не е ни чудно што може да сè видат кошули облечени наопачки. Иако звучи смешно и непрактично, неколку девојки, уловени од фотографите на улиците на модние центри, ја носат со голема самоувереност и стил. Ако сте толку смели, комбинирајте ја со фармерки, панталони и здолниште облечени според прописите, за да има ефект идејата, и за да не изгледа дека сте се збуниле при облекување.
4. Во функција на трендовските парчиња
Доколку сакате во вашиот стајлинг да ги истакнете трендовските модели на здолниште или панталони, идеален начин е да изберерете некое базично горно парче, како бела маичка или блуза со пруги, а во случајов одлична идеја е и белата кошула. Па така, сега доста актуелните килот-панталони, здолништа со плисе или миди моделите, како и сечените фармерки ќе добијат елегантна и шик варијанта комбинирани со класична бела кошула. Оваа комбинација ќе функционира во вашиот бизнис изглед, но и за полежерни излегувања и дружби.
5. Под фустан
Класичниот начин на носење на кошула, под џемпер или под палто сега има и нови варијации. Коже да носите под блузон, под фустан, корсет, елек-палто или под комбинезон. Вака, и понатаму кошулата ќе ја врши својата задача на базично парче облека. Облечена под свечен фустан може да му даде канцелариски шмек на изгледот.
6. Со панталони со машки крој
Трендот на прилагодување на машките парчиња облека во женскиот стил продолжува со долгите широки панталони комбинирани со бела кошула. Изберете и соодветно палто, долг елек или мантил. Комбинацијата „омекнете“ ја со женствени додатоци, високи потпетици, накит, романтична фризура или со колоритна чанта.
7.Повеќеслојност и неочекван микс
Белите кошули може да бидат основа на повеќеслојност, без разлика дали тоа е покежуал или покласична варојанта. Во кобинирањето клучно е да се надзира кошулата од неколку агли. Освен од горниот дел, оставете да се ѕирка кошулата под или над здолниште. Некогаш се сметаше за неквус ако се комбинираат патики, блузони или тренерки со свечени или бизнис-модели. Откако блузоните, патиките и бомбер јакните си го направија својот пат во најпосакувани и најносени парчиња, што се кобинираат и со сè, тие може да се замислат и со белата кошула. Всушност тоа е шик комбинација, која може да ја носите и во канцеларија.
8. Главно или горно парче облека
Кошулата освен како фустан, можете да ја носите и како како наметка или мантилче. Изберете поголем број на кошула и може да ја носите врз фустан, врз панталони, блуза, а дури и врз плетен модел. Додајдете колан или впечатлив накит.
9. Нова форма на кошула
Еден од главните трендови оваа сезона се кошулите со нетипичен изглед, со нагласена големина или со уникатен крој. Тие може да бидат во форма на горно парче облека, споено со панталопни и здолниште или пак како фустан. Најдете иновативен и скруктурален крој, вака ќе можете кошулата да ја носите како свечена креација на разни приеми, коктели, забави, па и на работното место.
10. Со износени фармерки
Сечените и ретро моделите на фармерки, кои годинава имаат голем камбек, се една од најчестите и најуспешни комбинации на белата кошула. Нема ограничувања за тоа каков крој ќе биде кошулата, сè додека фармерките ви стојат добро и во нив се чувствувате удобно. Комбинирајте со бомбер или кожена јакна, со високи потпетици, ниски чизми и со патики со платформа или во некоја неонска нијанса. (А.Н.)
Нема коментари