Иако светкавите креации се асоцијација за вечерни и свечени стајлинзи, оваа година најдоа примена и во изгледот за преку ден. Металик-трендот, кој почна со пролетните колекции на повеќето модни куќи и на high street брендови како „Манго“, „Зара“, H&M и други, ја зацврсти позицијата на носечки материјал и оваа есен. Една од највлијателните колекции изминатиот период- на Gucci го освежи и врати во живот металик плисе здолништето, кое стана хит меѓу трендсетерките. Тие покажаа кретивни идеи како да се носи преку ден ова навидум свечено парче. Во низата лежерни и спортски варијанти металик плисе здолништето се покажа како одличен спој со тренерки, маички со принт, бомбер јакни, долги елеци, џинс креации, патики и машки кошули- нешто што претходно не можеше да се замисли во еден аутфит. Така, може лесно да се примени за дневе изглед, за кежуал дружби и прошетки. Иако не се препорачува во официјалните деловни комбинации, сепак , металик здолништата, со матиран ефект може да се носат и на работните места каде што дрескодот не е толку строг. По прифатливи цени помеѓу 1.590 и 3.000 денари оваа сезонско хит парче може да се најде и во „Зара“. Ви претсавуваме 10 различни металик плисе здолништа што може да ги носите во различни прилики оваа сезона.
Нема коментари