Со нетрпение го очекуваме доброто време за да можеме да ја обновиме нашата пролетна гардероба во која фустаните ќе бидат важен дел. Голем избор најдовме кај шпанскиот бренд „Манго“ кој за пролет 2019 нуди разни видови на класични и трендовски фустани. Преовладуваат долги и миди должини, како и модели на преклоп и кошула-фустаните кои одговараат скоро на сечија градба. Продолжува трендот на анимал принт и точки, застапен е бохо-стилот, а впечатливи се и фустаните си шара на марама.
Нема коментари