Дизајнерката Силвија Михајловска новата колекција за есен-зима 2016/17 на својот бренд „Алшар“ ја претставува преку фотосесија со креациите инспирирани од естетиката на сликите на Тамара де Лемпицка, настанати помеѓу двете светски војни во арт деко стил.
Колекцијата е составена од здолништа, елеци, фустани, капути и трикотажа од внимателно одбрани материјали со кои се дополнува убавината на деталите на уникатните креации, кои се збогатени со апликации и рачно насликани акценти.
За дел од колекцијата е направена една поинаква фотосесија. Со цел најмногу да се истакнат деталите на секое парче и да се долови атмосферата на сликите од Лемпицка, фотографиите се обработени со Instagram ефекти, со силен контраст и бои. Kолекцијата е надополнета и со casual парчиња кои можат да се најдат во ателјето „Алшар“.
Оваа колекција исто така наскоро ќе се прошири со креации во црна боја наменети за празниците што се ближат. Во знак на новогодишните празници, сите купувачи во „Алшар“ добиваат Картичка за лојалност.
Нема коментари