Фокусиран на идните невести што уживаат во моќта на трансформациите на модата, њујоршкиот дизајнер Зак Позен ја создаде својата прва линија со венчаници. Креаторот, кој допрва го разодува патот до олтарот со невестински дизајни, создаде неколку класични модели со усовршен крој, како и нетипични креации, наменети за модерните невести.
Моделите направени од сатен и тантела се во бела, сива и нежно виолетова боја, а има и свечени, драматични дизајни, со темносина и црна нијанса. Тие се женствени, следејќи ја линијата на телото и во сирена-форма. И покрај нагласениот сексапил, имаат нежна, романтична нота. Дел од формите се инспирирани од 30-тите, 40-тите и од 50-тите години на минатиот век.
Колекцијата наречена Truly Zac Posen екслузивно ќе се најде во продавниците на модниот гигант David’s Bridal на 6 февруари . Цените ќе се движат од 540 до 860 фунти.
Нема коментари