По успешното претставување минатото лето во Охрид, изложбата на современ накит „Во синило те намамив” на 22 мај во 20.20 часот ќе биде поставена и во Музејот на град Скопје. Станува збор за авторски проект на дизајнерките на накит Јана Ацевска, Биби Клекачкоска, Дафина Џепароска и Марта Пејоска.
Фасцинацијата од синилото е силна инспирација и одредница во создавањето на уникатните парчиња современ накит. Колосалните океани, бескрајното небо и брзите реки се преточени во смели и заводливи сирени на кои не можете да им се одолее.
Изложбата на современ накит во соработка со Охридско Лето премиерно беше претставена во Куќата на Уранија на 10 и 11 август 2013година. Широчината на Охридското езеро, неговото бескрајно синило и мирните бранови кои мамат воздишки, блескавата светлина на градот, како и сите лица на небото над Охрид, беа елементите на инспирација на четири жени уметници, авторки на современ накит.
Нема коментари