Со полна пареа се одвиваат последните подготовки пред овогодинешното, #воншаблон -ско издание на Fashion & Lifestyle Expo, кое и оваа година ќе се одржува во фоајето на Македонската опера и балет, од 29ти до 31ви март.
Програмата која изобилува со многу креативни и инспиративни презентации, работилници и настапи ви е веќе добро позната, а оние кои ја пропуштиле можат да ја погледнат тука.
Пролетното расположение не’ води кон нови промени, а овој тродневен настан ветува вистинско бегство од секојдневието и рутината.
Влезот за настанот во текот на трите дена и за сите презентациите и работилниците е бесплатен и отворен за сите посетители, а за презентациите и работилниците можете да се пријавите на овој линк.
Трите дена, програмата започнува од 15 часот, во катчињата – F&L Café, Main stage, Creative Hall. Активностите во Beauty Bar-от ќе започнуваат од 16 часот, а веќе од 17 часот посетителите ќе уживаат во одлична морска храна во Food corner-от на Frutti di Mare.
Fashion & Lifestyle Expo ви нуди 360°од она што го нарекуваме животен стил, па така, покрај бројните работилници, вкусната храна и одличните изложби во Галеријата, посетителите ќе уживаат и во извонредната музичка програма.
Во среда – 29 март, музичката програма започнува во 20:00 часот, на изложбениот простор на Студио Теохаров со DJ Danny Begic, по што ќе следи пијано концерт на пијанистот Бобан Мирковски, во придружба на пијанистот Дино Имери и балетски перформанс на Студио “Балерина”.
Во 21:00 ARMARIUM ќе ја претстават последната колекција кошули – SEXY – WEAR IT DAILY, а крајот на првиот ден ќе го заокружи џез-бендот – Филип Стевановски.
Во четврток – 30 март – музичката програма започнува со Krle DayOff @ StudioTeoharov во 19.30, по што следи авангарден арт-перформанс – Body Electric by Kovski.
Во 21:00 младата дизајнерка Јелена Станаревиќ ќе ја претстави новата колекција со невообичаен моден перформанс – J.DOE by NAN DEMO, а до крајот на вечерта ќе не забавуваат Supersonix.
Петок – 31 март – подгответе се за едно нетипично опуштање по работните обврски.
After-work забавата започнува во 17:15 часот со загревање со Pass-N-G-R (massiva music) @ Studio Teoharov. На забавата ќе имате можност да ги пробате премиум вината Private Reserve на Винарија Стоби и водката ABSOLUT, а настанот ќе го затворат Beta House со одлична музичка програма.
1 коментар